Екипата на Далас Маверикс го претрпе и третиот пораз во низа а четврти во последните пет натпревари откако на домашен терен загуби од Феникс Санс со 109-132.
За сонцата од Аризона, тоа беше седма победа по ред, благодарение на која се израмни со Њу Орлеанс на делба на петтата позиција на табелата во Западната конференција. Далас сега е осми и пласманот во доигрувањето за титулата повторно е доведено во прашање.
Прв играч на натпреварот беше Девин Букер кој ја доби битката со Лука Дончиќ. Кошаркарот на Феникс постигна 46 поени со одличен шут од игра (17/23), а додаде уште 7 скока и 3 асистенџии. Дончиќ го заврши натпреварот со 34 поени, 9 асистенции и 8 скока, но изостана потребната помош од соиграчите бидејќи далеку зад него остана Хардавеј со 17 поени.