Изненадување во трката на 500 метри во брзо лизгање за жени. Американката Ерин Џексон ги остави зад себе сите фаворити и ја однесе победата .

Американката Ерин Џексон (29) ја освои титулата олимписка победничка во брзо лизгање на 500 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Џексон, која пред четири години во Пјонгјанг беше 24-та во дисциплината, а најдоброто место на светските првенства и беше седмото пред две години, стигна до златото со време од 37,04 секунди, осум стотинки зад сребрената Јапонка Михо Такаги (27 ). , која веќе го освои среброто на 1500 метри во Пекинг, додека актуелната светска шампионка во оваа дисциплина Русинката Анџелина Голикова (30) со 17 стотинки послабо време стигна до бронзата.

РЕЗУЛТАТИТЕ:
1. Ерин Џексон (САД) 37.04
2. Михо Такаги (Јапонија) +0,08
3. Ангелина Голикова (Рус) +0,17
4. Ванеса Херцог (Аут) +0,24
5. Јута Лирдам (Хол) +0,30
6. Фемке Кок (Хол) +0,35
7. Минсун Ким (Ј. Кор) +0,56
8. Дарја Качанова (Рус) +0,61
9. Каја Зиомек (Пол) +0,66
10. Олга Фаткулина (Рус) +0,72