Русија дојде до втората победа во групата Б на Олимпискиот турнир во хокеј на мраз, славеше со 2:0 против Данска .

Тежок и неизвесен дуел одиграа Русите и Данците, а Русија потешко од очекувањата дојде до победата. До последните секунди Данците бркаа израмнување и продолжение, но Русија сепак славеше со 2:0.

Во првото коло славеа со 1:0 против Швајцарија, која пропушти неверојатна прилика во финишот на мечот, а вториот натпревар во низа сега заврши без примен гол за Иван Федотов, одличниот голман на ЦСКА Москва.

Русија поведе на средината на натпреварот, во 29. минута , кога мрежата на Данска ја пронајде Павел Карнаухов, соиграчот на Федотов од московскиот гигант, а до крајот Русите не можеа повторно да постигнат гол.

На шест секунди до крајот на натпреварот Кирил Семјонов од Омск погоди на празен гол и ги постави конечните 2:0.

Во последното коло од групата Русија ќе игра против Чешка, додека Данска ќе се соочи со Швајцарија.

Група Б, второ коло:
Данска – Русија 0:2

Скала:
1. Русија 6
2. Данска 3
3. Чешка 0
4. Швајцарија 0