Ајлин Гу не успеа да земе уште еден златен медал, таа мораше да се задоволи со среброто зад Швајцарката Гремо .
Швајцарката Матилде Гремо го освои златото во дисциплината слоупстајл во слободно скијања на Зимските олимписки игри во Пекинг, додека домашната миленичка Ајлин Гу мораше да се задоволи со среброто.
Кинеската „Снежна принцеза“, 18-годишна скијачка родена во Сан Франциско, стана идол на Кинезите по златото во дисциплината Биг Ер, а за малку го загуби златото во слоуп-стајл. Во третото и последно возење Гу заработи 86,23, но тоа не беше доволно за Гремо (86,56), а бронзата ја освои Естонката Кели Силдару со 82,06.
Гремо (22) освои сребро во слоупстајл на Игрите во Пјонгчанг во 2018 година и бронза на турнирот Биг Ер минатата недела, а Силдару учествуваше на нејзината прва Олимпијада.