Со поразот во Вулверхемптон во последнонто коло од Премиоер лигата падна на 8-та позиција. Шефот на стручниот штаб Антонио Конте не може да биде задоволен од она што го виде на претходните дуели.
Искусниот Италијанец смета дека немањето победнички менталитет е најголемиот проблем на неговиот тим.
-Проблемот е што не можете да купите победнички менталитет, можете само да го префрлате од ден на ден. Тоа не е сигурна работа. Има играчи кои се поотворени. На некои им треба време да го разберат ова. Победничкиот менталитет, според мене, значи дека сум подготвен да те убијам за да живеам. Секој пат кога треба да имате поголема желба од противникот. Кога ќе го сфатите тоа, поразот мора да ве повреди, не малку. Не е лесно – изјави искусниот стручњак.
Следниот предизвик на Конте го очекува на 19 февруари. Тотенхем ќе ги одмери силите со Манчестер Сити, во 26. коло од Премиер лигата.