Фудбалерите на Фиорентина го победија тимот на Специја на гости со 2:1 во последниот натпревар од 25. коло на италијанската Серија А.
Се започна со промашениот пенал на полскиот интернационалец Кристоф Пјонтек во 16. минута.
На казната му претходеше прекршок врз Аргентинецот Николасо Гонзалес. Пјонтек, кој беше доведен како замена за Душан Влаховиќ, имаше можност да го постигне првиот гол во дресот на Фиорентина, но ја погоди само стативата.
Полјакот се извади за промашувањето и во 42. минута и ги доведе гостите во водство.
Израмни резервниот фудбалер на Специја, Колумбиецот Кевин Агудело. Во 74. минута го постигна својот втор гол сезонава.
Фиорентина вечерва беше подобар тим, продолжи да напаѓа, имаше близу 20 удари кон голот на ривалот, а наградата дојде во 89. минута кога Мароканецот Амрабат со прецизен удар од 20 метри биеше во долниот десен агол од голот на Специја.