Холандскиот великан ПСВ Ајндховен потврди дека од следната сезона тимот ќе го води Руд ван Нистелрој, легендарниот холандски напаѓач .
Роџер Шмит на крајот од сезоната си заминува од клупата на ПСВ, а веќе се знае кој ќе го замени. На негово место ќе дојде поранешниот одличен холандски напаѓач Руд ван Нистелрој.
Ван Нистелрој се договори за соработка до летото 2025 година, многу е запознаен со состојбите во клубот со оглед на тоа што со години работи во ПСВ како тренер на помладите категории.
Ван Нистелрој пред три години го презеде тимот до 19 години за ова лето да го презеде тимот до 21 година. Тој беше дел од стручниот штаб на Франк де Бур и на минатогодишното Европско првенство.
Тој е силен, вистински лидер и неговата посветеност и работна етика се многу важни. Ван Нистелрој има стекнато драгоцено искуство во организацијата на ПСВ, но и во репрезентацијата и многу сме уверени дека е подготвен за својата прва менаџерска улога. Ние сме сигурни дека ќе има одлична и успешна кариера“, соопштија од клубот.