За време на првата фаза од продажбата на билети за Светското првенство во Катар, продадени се 804.186, а повеќето ги купиле навивачите кои живеат во Катар, САД, Англија, Мексико и Обединетите Арапски Емирати, објави во средата ФИФА на својата официјална веб-страница. .
Најмногу се продаваа билети за поединечни натпревари, особено билети за првиот и последниот натпревар, но навивачите купиле и пакети со билети за поединечни репрезентации како и билети за четири стадиони.
Навивачите кои не успеаја да добијат билети во првата фаза од продажбата ќе имаат уште една шанса да се пријават за следната фаза од продажбата, која започнува на 5 април во 11.00 часот по средноевропско време, по ждрепката.
Ждрепката за Светското првенство во Катар, по која навивачите ќе можат да видат каде и кога ќе игра нивната репрезентација, е закажана за петок со почеток во 18.00 часот. Светското првенство во Катар се одржува од 21 ноември до 18 декември.