Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, им се заблагодари на македонските фанови за поддршката која ја имаа фудбалерите во изминатиот период, на овие два бараж натпревари и во целите квалификации за СП.
“Драги наши навивачи, сакам да ви се заблагодарам за моментите кои ги доживеавме. Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво”, истакна меѓудругото Стефан Ристовски.