Пред четири години Габриела го загуби златото за Зимските олимписки игри поради незгодата со градите, сега конечно е исправена неправдата …
Француската двојка Габриела Пападакис и Гијом Сизерон вчера освоија златен медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг, соборувајќи го светскиот рекорд.
Сребрените од Игрите во Пјонгчанг во 2018 година беа најдобри по задолжителниот дел од програмата, а по слободната програма само ја зголемија таа предност. Тие собраа вкупно 226,98 поени.
Француската двојка на тој начин ја исправи неправдата што се случи на Зимските олимписки игри во Појончанг, кога завршија на второто место бидејќи француската лизгачка за време на настапот и излезе брадавицата.
Костимот на Габриела и се го олабави за време на настапот, па во неколку наврати беа видени нејзините голи гради. Француската двојка потоа остана без златен медал, бидејќи добија неколку негативни поени поради несреќниот пех со костимот.
“Немав избор, се молев и продолжив. Што друго би можел да направам? Можеме да бидеме горди бидејќи успеавме да постигнеме одличен настап и покрај тоа што се случи”, изјави тогаш француската лизгачка.