Се одиграа уште два натпревари од второто коло на Олимпискиот турнир во хокеј на мраз, Чешка по пенали ја совлада Швајцарија во групата Б, а Шведска ја совлада Словачка во групата Ц.

Чесите се во тешка ситуација и минувањето на групата е опасно. Повеќе не зависат од себе, мора да забележат победа против Русија во последното коло, но Данска не смее да ја победи Швајцарија. И Швајцарија има своја пресметка, мора да ја победи Данска и да се надева на помош на Русија против Чешка.

Чешка поведе против Швајцарија со голот на Јиржи Смејкал во петтата минута, а веднаш на другата страна возврати Гаетан Хас кој израмни во деветтата.

До крајот на мечот немаше повеќе голови, немаше голови во продолжението, па одлуката падна во изведуваето пенали каде подобра беше Чешка.

Во групата Ц, Шведска забележа победа од 4:1 против Словачка со одличниот Магнус Хелберг (40 одбрани). За разлика од Словаците, Швеѓаните знаеја да ги искористат своите можности и убедливо славеа.

Головите ги постигнаа Јоаким Нордстром, Лукас Валмарк, Макс Фриберг и Карл Клингберг. Словаците го намалија водството на крајот од мечот преку Јурај Слафковски.

Група Б, второ коло:
Чешка – Швајцарија 2:1 (1:1)

Табела:
1. ROC 6
2. Данска 3
3. Чешка 2
4. Швајцарија 1

Група Ц, второ коло:
Шведска – Словачка 4:1

Табела:
1. Шведска 6
2. Финска 3
3. Летонија 0
4. Словачка 0