Првиот сет започна со изгубен гем на Ѓорческа и Тајхман, но возвратија веќе во следниот, а се до 3-3 се играше меч во кој на двете страни гледавме брејкови. Клучниот гем беше кога при 5:5 Ѓорческа и Тајхман одново го одземаа противничкиот сервис и во следниот гем го потврдија брејкот за 7-5.
Големата борба продолжи и во третиот сет кој заврши со истиот резултат, но во корист на Бранкачо и Гормаз.
Уште понеивесно беше во одлучувачкиот трет сет каде што победникот се решаваше и во тај-брејк. За жал во тај-брејкот македонската тенисерка и нејзината партнерка беа поразени со 7-10.