Фудбалерите на Вердер од Бремен по двете ремија на отворањето на сезоната ја остварија првата победа во Бундеслигата, откако на гости кај Мајнц дојде до победа со 1-2, и тоа половина час играа со играч помалку.
Марвин Дукш уште во осмата минута од пенал им донесе водство на гостите од 0-1, а кон средината на првото полувреме Сунг израмни на 1-1. Во вториот дел Фридл заработи црвен картон, но тоа не ги спречи фудбалерите на Вердер да стигнат до посакуваната победа и Кох во 69. минута погоди за 1-2 и значајни три бода за „зелено-белите“.
Екипата на Аугсбург го постигна првиот триумф, откако пред својата публика со 3-1 славеше над Сент Паули и на тој начин го остави гостинот без бодови по три одиграни кола во шампионатот.
Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме. Водство за домашниот тим донесе Волф, на 2-0 зголеми Тиез, а конечните 3-1 ги постави Кабабај. Единствениот гол за поразениот тим го постигна Боукхалфа.