Македонската ракометна репрезентативка, Ива Младеновска, засекогаш ќе го памети денешниот дел, откако на 17-годишна возраст дебитираше во Лигата на шампионите и тоа постигнувајќи два гола.
Таа пред две години се пресели од Металург во францускиот тим Брест, за кој заигра денеска на гостувањето кај Будуќност (35-22) во кој доби шанса во финишот од средбата. Младеновска одлично ја искористи дадената прилика и со максимален учинок покажа дека е светла иднина на македонскиот женски ракомет.
Втората наша ракометарка во ЛШ, Сара Ристовска, беше стрелец на три гола во ремито на нејзиниот Рапид Букурешт на гостувањето кај Кристијанштад (30-30).