Филип Кузмановски постигна четири гола во втората победа во низа за Хановер во Бундеслигата на денешниот дуел против Либек (22-21).
Домашните ракометари имаа највисока негатива од четири гола во првиот дел. На пауза заминаа со -2, а потоа направија пресврт во завршницата. Најзаслужен за тоа, покрај македонскиот репрезентативец, беше Хансен со неговите седум реализации.
Вецлар на Филип Миркуловски успеа да слави над Мелсунген (31-28) и остана во горниот дел на табелата. Миркуловски не се запиша во листата на стрелците .