Оваа сезона македонскиот фудбалски репрезентативец добива многу поголема минутажа од тренерот Спалети за разлика од неговиот претходниот Гатузо кој не сметаше многу на услугите на Елмас.
Италијанските спортски новинари во него гледаат играч кој оваа сезона покажува зошто е дел од Наполи но и дека во иднина ќе го достигне својот максимум на фудбалските терени.
Новинарот Умберто Киариело е еден од нив.
„Елмас и натаму игра променливо. Мислам дека и самиот не е свесен колку добар играч може да биде. Па, тој има само 22 години. Да почекаме да созрее, ќе стане силен како Жоржињо. Се сеќавате што зборувавме за него во минатото? Имаше големи критики на негова сметка. Сега е лидер во репрезентацијата на Италија. Елмас може да го направи истото, тој е добар на секој дел од теренот“, вели Киариело.
Наполи има голема шанса по генерацијата на Марадона да ја врати титулата на југот од Италија по повеќе од 30 години.