Селекторот на Холандија, Луј ван Гал, го коментираше претстојниот прв натпревар на „лалињата“ на Мундијалoт во Катар. Утре неговиот тим ќе игра против Сенегал.
„Верувам во овој тим, во овие играчи. Мислам дека можеме да станеме светски шампиони. Работам со тимот само една недела. Не можете да направите многу за една недела, но можете да видите дека тие се многу мотивирани да стигнат до успех. Сенегал е шампион на Африка и на прв поглед ќе биде најтешкиот противник за нас. Мане е надвор од тимот, но и ние можеме да бидеме без Мемфис Депај, така што двата тима ќе мора да се справат со тоа. Мане е исклучителен играч. Сакав да го купам додека бев менаџер на Манчестер Јунајтед. Тогаш тој сè уште беше во Саутемптон. На Сенегал ќе му недостига многу, но исто така и ние имаме повреди“, изјави Ван Гал.