Италија и Аргентина, европскиот и јужноамериканскиот првак вечерва од 20.45 часот на „Вембли“ во Лондон ќе се борат за првиот трофеј во новоформираниот специјален „суперкуп“ од УЕФА и КОНМЕБОЛ, кој ќе биде збогум за една од иконите на „аѕурите“ – Џорџо Кјелини.
Првиот меч на Италија после дебаклот со Македонија во Палермо во март, го натера селекторот Роберто Манчини да ги измеша картите, па така Матео Песина, вечниот резервист сега добива шанса во триото во средина со Жоргињо и Николо Барела, а сосема нов напад има за мечот со Федерико Бернадески, Андреа Белоти и Џакомо Распадори.
Од друга страна Аргентина на мечот излегува тотално офанзивна и со најсилниот можен тим, предводен од Лионел Меси, со Пауло Дибала, Лаутаро Мартинез, Родриго Де Пол и Анхел Ди Марија.