Милан успеа да слави на гости против Сампдорија со 1-2, иако играше со фудбалер помалку речиси цело полувреме. Рафаел Леао доби црвен картон на почетокот на второто полувреме.
Жуниор Месијас во шестата минута му донесе предност на Милан. Сепак, Сампдорија израмни преку Филип Ѓуричиќ во 57.минута.
Оливие Жиру десет минути подоцна погоди од пенал за триумф на Милан.