Дури по второто барање на Евертон, премиерлигашот доби одложување на натпреварот помеѓу пторив Барнли.

Евертон се најде во големи проблеми пред напорниот период кој го очекува тимот за време на празниците. Како што изјави, Рафа Бенитез има на располагање девет играчи и тројца голмани.

Бенитез во четвртокот размислуваше како да најде 11 играчи и да ги одреди соодветните позиции во тимот, а не беше задоволен што во тимот мора да има играчи до 21 година.

На крајот, дуелот меѓу Барнли и Евертон нема да се игра на Боксинг деј, но има и такви во тимот од Ливерпул кои најдоа начин да се нашалат во целата ситуација.

Резервниот голман на Евертон, Асмир Беговиќ, напиша краток коментар на најавата за одложување на натпреварот од страна на Премиер лигата:

“А баш се израдував дека ќе заиграм во нападот“, се пошегува Беговиќ.

https://twitter.com/asmir1/status/1474378324088606722?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1474378324088606722%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportklub.rs%2Ffudbal%2Fpremier-league%2Fa-bas-sam-se-radovao-igranju-u-napadu%2F