Тажната вест ја потресе Србија. Почина Немања Миросављевиќ (25), српски фудбалер и тренер.
Оваа информација за ненадејната смрт на младиот фудбалски работник ја потврдија од ФК Графичар.
Миросављевиќ беше поранешен фудбалер на Графичар, а работеше и како тренер во младинската школа на клубот.
„Со голема тага ја информираме јавноста дека не напушти нашиот тренер во младинската школа и поранешен играч на клубот, Немања Миросављевиќ.
Немања ги бранеше боите на РФК Графичар во сезоната 2020/21, а потоа реши да стави крај на професионалната кариера и да се испроба во тренерската кариера. Работеше како тренер во фудбалската школа на нашиот клуб.
Беше препознатлив по насмевката и добрата енергија, важеше за омилен соиграч и тренер кој децата го сакаа.” – стоеше во објавата на ФК Графичар.
Во текот на својата играчка кариера, меѓу другите, настапувал за ФК Војводина, ФК Инџија, ФК Радник Сурдулица, настапувал и во Шпанија и Босна и Херцеговина.