Челниците на Пари Сен Жермен ќе се обидат да сторат се, само за да го задржат Килијан Мбапе во Париз најмалку уште две години. Неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната, а најавите велат дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид.
Сепак, раководството на францускиот гигант подготвува нова неверојатна понуда за да го разубеди. За две сезони, доколку остане во ПСЖ, Килијан Мбапе би заработил фантастични 150 милиони евра.
За споредба, Реал Мадрид е подготвен да понуди „само“ 60 милиони евра годишно.