Лидерот во холандската Ередивизие, екипата на ПСВ Ајндховен, одигра возбудлив дерби натпревар во 24. коло и на домашен терен ремизира 2-2 (1-1) против вечниот ривал, Феенорд.
Публиката беше сведок на по два гола во две полувремиња, а нерешениот резултат на крајот беше сосема реален. Тилман и Тил погодија за домашниот тим на ПСВ, додека Феенорд ја тресеше мрежата преку Јакуба Минтех и Сантиаго Хименез, кој го постигна дваесеттиот погодок сезонава.
ПСВ Ајндховен сѐ уште има десет бодови предност пред Феенорд на првенствената табела. Се чини дека тимот од Ајндховен цврсто чекори кон 25. шампионска титула и треба да се случи чудо за да не се искачи на тронот на крајот од сезоната.