За седум минути Јувентус успеа да даде три гола во завршната четвртина од мечот, откако до 70-та минута Рома имаше големи 3-1, но следеше шоуто на црно-белите кое го почна Мануел Локатели на 20 минути пред крајот, па го продолжи Дејан Кулушевски со гол за израмнување во 74-та минута, а за комплетен пресврт се погрижи Матија Де Шиљо со голот во 74-та минута.
Но, за да не остане само на кам-бекот, Рома доби шанса за да се избори барем за бод и тоа седум минути пред крајот од пенал, ама Лоренцо Пелегрини го промаши ударот од белата точка, па истиот играч и од втора на успеа да ја погоди мрежата, за на крај римјаните предводени од Жозе Мурињо да не ја искористат бројчаната предност со исклучувањето на Матијс де Лихт за да останат непоразени.
До спектакуларниот пресврт за седум минути, Рома преку Тами Абрахам поведе во 11-та минута, Пауло Дибала израмни во 18-та, а во првите осум минути од вториот дел следеа два гола за големи 3-1 на „волчицата“ со гол на Хенрик Мхитарјан во 48-та на асистенција на Пелегрини, па гол во 53-та на трагичарот на крајот кој го промаши пеналот за реми