Шпанија ќе го брани златниот медал на Европското првенство кое стартува на 13 јануари во Унгарија и Словачка. Селекторот Жорди Ривера одбра 20 ракометари, меѓу нив се некогашните вардарци, Жоан Кањелас, Хорхе Македа и Едуардо Гурбиндо. На голот ќе бидат незаменливите Де Варгас и Коралес.
На овој список ги нема Душебаеви, Ентрериос, Агинагалде…
Инаку Шпанија е во групата Е заедно со Шведска, Чешка и Босна и Херцеговина, мечевите се играат во Братислава.