Наполи со Антонио Конте очајно ја стартуваше новата сезона во Серија А. Од гостувањето кај Верона се враќа со тежок пораз од 3-0 и многу грижи за Конте.
Наполитанците имаа свои шанси, па резултатот можеби не е реален, но Верона извојува голема победа, Сите три гола Верона ги постигна во второто полувреме. Во 50. минута Роча Ливраменто донесе предност за домашните, по одличното додавање на Лазовиќ.
Во 75. минута Даниел Москера зголеми на 2-0 по додавање од Дуда, а конечниот резултат го постави повторно Москера со својот втор гол пред крајот, пак по асистенција на српскиот фудбалер Лазовиќ кој одигра одличен натпревар.
Болоња и Удинезе одиграа нерешено 1-1, ги поделија бодовите. Орсолини погоди за домашните, а за гостите реализира Јанети.