Фудбалерите на  Украина и Белгија одиграа динамичен и интересен натпревар во последното коло од групата Е, кој заврши без голови (0-0). Со овој резултат Белгија е второпласирана во групата и за четвртфинале ќе игра против Франција. Украина е последна четврта во групата и иако освои четири бода, го завршува настапот по групната фаза.

 

Украинците за нијанса подобро го отворија мечот и тргнаа во мала офанзива. Избраниците на  Ребров се обидоа неколку пати со удари од далечина, но не упеаја да постигнат гол. Белгија повеќе мислеше на дефанзивата и се обидуваше од контра-напади, но двата обида на Лукаку и Де Брујне не вродија со плод.

Иако се очекуваше силовит настап во вториот дел, Украинците влегоа летаргично и на стартот го имаа најлошиот дел од мечот. Белгија ја презема иницијативата и создаде три убави шанси преку Доку, Де Брујне и Караско, но повторно мрежите останаа да мируваат.

Украина се обиде во два наврата повторно да го загрози голот на Белгијците, две убави можности имаше Артем Довбик, но и тој се вклопи во сивилото на екипата и не успеа ниту да упати удар. Ребров ги повлече последните потези во завршните минути, но Украина не успеа да дојде до ситуација која може да им донесе три бода и на крајот мечот заврши 0-0.

Белгија патува во осминафиналето како второпласирана во групата Е, додека Украина на неславен начин го завршува престојот во Германија, и покрај истото бодовно салдо со Словаците и Белгијците.