Грузија е дебитант на ЕВРО 2024, но фудбалската бајка за оваа земја трае затоа што Квича Кварацкелија и другарите се пласираа во осминафинале откако ја победи Португалија со 2-0. Ќе патуваат како третопласирана селекција од групата Ф.
Кварацкелија го најави изненадувањето со голот во втората минута по 92 секунди игра, а триумфот над Португалците го потврди Георгес Микаутадзе од пенал во 57.минута. За него е тоа трет гол на Европското првенство.
Португалија и со овој пораз сепак е првопласирана селекција во групата.