Капитенот на младата фудбалска репрезентација на Јужна Африка, Ошвин Андрис, го загуби животот откако во улична расправија, брутално бил избоден со нож до смрт.
Андрис бил нападнат во Кејптаун, а починал на пат кон болница.
„Не ја знаеме причината за ваков безумен и нечуен напад. Андрис беше мирен човек и не верувам дека бил инцијатор на некаква расправија. Почина на пат кон болница на рацете на нашата мајка“, објави братот на 19-годишниот фудбалер.
Андрис беше голем фудбалски талент во Јужна Африка и капитен на националната селекција за играчи до 20 години.
Дека беше вистински фудбалки бисер, потврдува и интересот на Барселона и на неколку англиски клубови кои сакаа да го ангажираат.