Во изминативе години благодарение на видеоклиповите, беа промовирани многу деца кои се големи таленти и прават виртуозни потези во многу спортови и сонуваат еден ден да бидат врвни ѕвезди.
Нешто што досега немаме видено е дете од седум години како суди кошаркарски натпревари. Латан, кој има само седум години, не само што ги знае кошаркарските правила, туку тој ја дели правдата на натпревари.
Со сигурност се работи за најмладиот кошаркарски судија во светот, а интересно е дека ретко кој има забелешки на одлуките кои ги носи седумгодишното детенце.
https://twitter.com/overtime/status/1622373821251735552?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1622373821251735552%7Ctwgr%5Ee9ee8ec019d1d0607db820c66ca64bdded28809a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fchudo-od-dete-ima-samo-sedum-godini-a-sudi-kosharkarski-natprevari-video%2F