Денвер Нагетс оствари уште една победа, од 134-116 против Њу Орлеанс Пеликанс пред својата публика во „Бол Арена“. Овој натпревар беше нова моќна претстава на српскиот џин Никола Јокиќ, кој го запиша својот 108-ми „трипл-дабл“ во кариерата, со што ги надмина Леброн Џејмс и Џејсон Кид.
Јокиќ покрај одличната партија, забележа и еден потег кој ја одушеви публиката. Во дуел со Јонас Валанчиунас, тој во скок ја промени шутерската рака и поентираше.
Овој потег ги потсети фановите на НБА лигата на фамозниот кош на Мајкл Џордан во финалето на НБА лигата во 1991 година против Лос Анџелес Лејкерс.