Вo синоќешниот ревијален натпревар на славните личности на НБА Ол-стар викендот во Кливленд, се случи инцидент кој брзо стана вирален хит, а главни актери беа Мет Џејмс, ѕвезда на американското реално шоу Bachelor и актерката и водител Бритни Елена. Џејмс беше на линијата за слободни фрлања кога зад него дојде неговата соиграчка Елена за да му даде поддршка. Без воопшто да погледне, замавна со раката за да ја потапка, но ја допре баш на градите.
Елена беше лута, што можеше да се види од изгледот на нејзиното лице додека се повлече, а Џејмс во еден миг ја загуби насмевката на лицето кога сфати каде заврши неговата рака и дека тоа може да има несакани последици од овој контакт.