Во кошаркарската Евролига се одиграа три „мајсторки“ од четвртфиналната рунда по што ги имаме паровите за полуфиналето на завршниот турнир каде силите ќе ги одмерат Барселона-Реал Мадрид и Олимпијакос-Монако.

Од петте дуели во Пиреја, Мадрид и Монако беа избрани најдобрите моменти, па ја имаме Топ 10 листата, на која е магијата на Слукас, моќното забивање на Смаилагиќ, монструозната блокада на Монеке…