Масимилијано Алегри го критикуваше Душан Влаховиќ по првите два меча за Јувентус откако ги постигна головите за спас за новиот клуб.
А сега особено жестоки се критиките од тренерот на Јувентус на сметка на српскиот напаѓач откако Влаховиќ беше невидлив во големиот кикс на Јуве. против Торино во важното градско дерби од 26. коло во Серија А.
Со ова реми не успеа да се одлепи од Аталанта во борбата за четвртото место, последно кое води во ЛШ а само со реми очигледно се прости од можноста да влезе во борба за титулата.
По мечот на кој стоперот на Торино Бремер целосно го изолира Влаховиќ од играта, тренерот на Јувентус јавно му одржа лекција на својот напаѓач: „Влаховиќ не беше лош, но со себе имаше дефанзивец кој го мачеше. Има уште многу да научи.”
Алегри ја прокоментира и физичката состојба на Влаховиќ:“ Да не заборавиме дека доаѓа од тим кој имаше многу добра сезона, но играше само еден натпревар неделно. Мора да напредува, мора да се прилагоди, инаку нема да може физички да игра на секои три дена. Тој не е марсовец, ајде да му дадеме време да се прилагоди“.