Жељко Обрадовиќ, тренерот на Партизан, се обрати на пресот по полуфиналето на Купот Радивој Корач.
Кошаркарите на Партизан по многу драма и тензија беа поразени од Црвена Звезда со резултат 83:75 во полуфиналниот натпревар од Купот Радивој Кораќ.
Партизан имаше 18 поени предност (44:26) во првото полувреме и успеа сето тоа да го потроши и да загуби, а еве што имаше да каже Жељко Обрадовиќ за тоа.
„Сакам да и честитам на Звезда за победата вечерва во полуфиналето на Купот, мислам дека одлично го отворивме натпреварот и одигравме добро, потоа дозволивме Звезда да се врати на крајот од првото полувреме и примивме осум лесни поени.Тогаш игравме сосема погрешно, зборувавме за тоа и играчите беа свесни за тоа, и за жал не успеавме, па отворивме со кош со фаул за плус 13 поени. Играчите имаа желба, жал ми е за тоа, но таа желба мора да постои 40 минути.Не може да се оди со двајца играчи на еден играч и да го оставиш сам да шутира, тоа не е можно за ваква утакмица.Вечерва имаше грешки во нападот, не само одбраната, не бевме агресивни а на резултатот влијаеше и тоа што Ексум и Ледеј имаа проблем со фаули, па морав да ги заменам и тоа беше најлошиот период од нашата игра, па и Леоср се пожали на повреда и Звезда го искористи тоа и го сврте текот на играта.Играчите имаа огромна желба и таа мора да биде присутна 40 минути“, изјави Жељко Обрадовиќ.
Жељко како еден од важните фактори го посочи односот на украдени топки, па беше прашан дали е така и вечерва.
„Апсолутно се согласувам и тоа значи дека не бевме претерано заинтересирани да играме одбрана бидејќи, како што рече Данило, ни претстојат уште две натпреварувања, имаме големи амбиции и се вртиме кон натпреварот од Евролигата против Фенербахче, па да видиме како што рече каков ќе биде односот на украдени и изгубени топки.Се обидов да им кажам пред мечот дека можеме да поставиме каква тактика сакаме но дека ако нема желба и борбеност, резултатот секогаш ќе биде ваков“.
Во 4. четвртина, многу напади поминаа низ Ексум и нападите делуваа статични…
„Не би менувал ништо, Данте направи добри работи и топката течеше, така што немавме многу проблеми, имаше и други полоши ситуации од оние на низок пост. Го направи 4-тиот фаул и тоа влијаеше и на текот на мечот.Ќе погледнам пак,ќе зборувам за деталите од играта затоа што сега не е ниту време ниту место да се зборува за тоа.Имам голема доверба во него, тој дечко има глава и мислам дека тој е одличен играч“.
Фаулите беа проблем…
„Секако дека се грижиме за тоа. Се враќаме како игравме последните два месеци, не добивме лесен кош кога не бевме во бонус. Тоа ни се случи вечерва, играчите играат одбрана и остануваат сам.Неможеш сега да ги критикуваш играчите , за тоа има тактика и тоа гоработевме исклучително добро.Играш на еден начин до бонус па после на друг и тоа е составен дел од играта. Не можам сега да кажам дали имало фаули или не, не е на мене да зборувам. Многу зависи од желбата и пристапот затоа што треба да се погрижите тимот да игра добро, не само да дадеш два поени.Сега зборуваме за Данте и сето тоа, но очигледно немаше резултат“
Атмосфера и прекини?
„Веќе кажав по натпреварот пред два дена, немам што да додадам. Мојот став е познат откако дојдов на клупата на Партизан. Некои не сакаат да зборуваат за тоа, а можам само да ги повикам играчите на Партизан. Секогаш ќе бидам против скандирање, навреди и фрлање предмети на подот.Тоа не е проблем што може да го реши еден тренер.Тоа многу добро го знаете вие што сте во медиумите , дека и на двете дербија што беа во Евролигата немаше никакви проблеми.Зошто нема проблем таму, а кај нас кога играме има?Дали актерите се однесуваат поинаку?Не би рекол, тоа е прашање за некој друг, ние секогаш се однесуваме исто.Можете да видите и да напишете кој е тој што ја вжештува атмосферата и сето тоа многу добро го знаете. Не се преправајте дека не знаеме за што се работи. Сето тоа е добро познато“, заклучи Жељко Обрадовиќ.