Стеф Кари не играше поради повреда, но затоа Клеј Томпсон беше брилијантен и со дури 12 тројки, му донесе триумф на Голден стејт од 141:114 над Оклахома. Далас без Лука Дончиќ славеше гостинска победа кај Јута од 124:111.

Голден стејт забележа важна победа во битката за место во плеј-офот, а ѕвезда на вечерта беше Клеј Томпсон. Тој постигна 42 поени, дури 36 од нив беа од тројки. Одличен беше и Пул кој имаше 21 поен и 12 асистенции. Најдобар кај Оклахома беше Жилжус Александер со 20 поени.

 

Далас беше значително ослабен на гостувањето кај Јута, не играше Дончиќ поради повреда, ги немаше ниту Динвиди и Смит кои беа дадени во трејдот за Ирвинг. Но и покрај тоа, Маверикс забележаа победа во Јута со 124-111.

Грин и Харди беа најдобрите во составот на Далас, двајцата имаа по 29 поени. Најдобар кај Јута беше Кларксон со 26 поени.

 

Резултати:
Детроит – Бостон 99-111
Вашингтон – Кливленд 91-114
Бруклин – ЛА Клиперс 116-124
Чикаго – Сан Антонио 128-104
Хјустон – Сакраменто 120-140
Јута – Далас 111-124
Голден стејт – Оклахома 141-114
Портланд – Милвоки 108-127