Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на ЕП „Б“ дивизија во Грузија. „Црвено жолтите“ го надиграа и лесно го победија Косово (85:67) .
Денешниот ривал не беше на нивото на нашите младинци, кои без проблеми дојдоа до посакуваниот успех. Амар Хот и Андреј Митевски со по 14 поени беа најпрецизни кај жолто-црвените, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Андреј Андоновски со 13 и Марко Миловановиќ со 10 поени.
Македонија сега е на скор од 2 победи и 1 пораз. Последниот дуел во групата против Грузија (20 јули, 17 часот) е одлучувачки, а избраниците на Никола Василев, ќе мора да победат, за да обезбедат место во 1/4.