Павел Хајдек од Полска навистина е супермен. Тој на СП во Орегон дојде до златото во фрлање кладиво и повторно пред својот сонародник Вијчех Новицки. Фајдек на СП во Орегон, успеа да дојде до резултат од 81.98 метри. Ова беше најдобриот резултат за оваа година.
Новицки успеа да фрли 81.03 метри, што беше доволно само за второ место.
Бронзата ја зграпчи Елвинд Хенриксен од Норвешка со фрлање од 80.87 метри.
Во финалната трка на 10.000 метри за жени, најдобра беше Летесбент Гидеи со резултат 30.09.94 минути од Етиопија, додека на второто и третото место се пласираа Кенијките Хелен Обири и Маргарет Челимо Кимкемпбои.
Интересно, Сифан Хасан од Холандија заврши како четврта.