Финалето на американската безбол МЛБ лига полека привршува, а нови шампиони се очекува да станат Атланта Брејвс, кои стигнаа до водство од 3-1 .
Атланта Брејвс го совлада Хјустон Астрос со 3-2 на својот стадион во четвртиот натпревар од финалето на бејзбол МЛБ, Светската серија и сега води со 3-1 во серијата до четири победи. Атланта би можела да ја освои титулата ноќта меѓу недела кон понеделник, кога повторно ќе ги пречекаат своите ривали на нивниот Труист парк.
Четвртиот натпревар од финалето се одигра пред 43.125 гледачи, најмногу во историјата на стадионот во предградието на Атланта. По првите шест напади, Астрос водеа, а Брејвси постигнаа два „хомерун“ по ред во седмиот „ининг“, за првпат во клупската историја во ова натпреварување.
Атланта има три шампионски титули, од кои последната ја освои во 1995 година.
На натпреварот присуствуваа и поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, кои добија ентузијастички поздрави од гледачите, што е сосема спротивно од финалниот натпревар во Вашингтон во 2019 година, кога тој сè уште беше 45-ти американски претседател и не беше добредојден меѓ гледачите, објавија американските медиуми.