Тимот на Кил е во голема криза, откако и четврти натпревар по ред не успеа да забележи победа во Бундес лигата.
Избраниците на Филип Јиха загубија на гостувањето кај слабиот Либек со 29-25, а на полувремето беше 13-9.
Вардар во ЛШ не успеа да слави над „зебрите“, но затоа Либек, кој беше без петмина ракометари, се радуваше на триумф кој е само трети во деветтиот натпревар од Бундес лигата.
Во ростерот на Кил се вратија и Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд, но ниту не беше доволно за победа. Најефикасни кај домашните беа Скробилен со 9 и Хеини со 6 гола , а екс играчот на Металург , Лука Мраковчиќ постигна 3 гола . Во редовите на Кил , најефикасен беше Сагосен со 7 гола .
Ова е првпат од април 2003 година, Кил да не победи на четири меча по ред во Бундес лигата.