Од сабота навечер нема повеќе непоразени екипи во НБА лигата.

Заслугата за тоа е на Чикаго Булс, кој во одличен меч во „Јунајтед Центар“ ја совлада Јута со 107:99.

До тој меч џезерите беа единствените кои имаа максимален ефект, но мораа  да ја тргнат нулата од бројот на порази.

Одличен беше Демар Дерозан кој постигна 32 поени и имаше шест скока, а го следеше Зек Левин со 26 поени, седум скока и шест асистенции.

Никола Вучевиќ имаше нов дабл-дабл со 16 поени и 12 фатени топки.

На другата страна се истакна Донован Мичел со 30 поени, седум скока и шест асистенции, а Руди Гобер забележа дабл-дабл со 17 поени и дури 19 скока.

Биковите на почетокот имаа лош процент на удари, но во продолжение успеаја да го сменат тоа и да го свртат резултатот.

Поведоа во третиот дел, а во одличната последна четвртина ја задржаа таа предност и и го нанесоа првиот пораз на Јута.

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулфс со 93:91, а главен играч беше Никола Јокиќ.

МВП на лигата одигра одличен меч во Минесота со 26 поени (10/26 од игра), дури 19 скока, седум асистенции и три блокади, меѓу кои и една со звукот на сирената за победа .

Иако беше блиску до моќен трипл-дабл, за малку ќе станеше трагичар.

На половина минута до крајот при водство на Денвер +4 продаде две топки, но успеа да го изблокира Едвардс пред кошот, по рампата на Бартон над Бисли.

Нагетс така покрај двата порази стигнаа до четвртата сезонска победа и се третопласирани на табелата од Западната конференција на НБА лигата.

Денвер успеа да направи пресврт во самиот финиш, иако имаше минус од 14 поени во првото полувреме и постојано го бркаше резултатот.

Кај Денвер се истакна Монте Морис со 16 поени, Арон Гордон додаде 12, а Вил Бартон 10.

Кај Минесота, Малик Бисли постигна 18, а Дианџело Расел, Ентони Едвардс и Карл-Ентони Таунс имаа по 14.

Во другите натпревари, Никс ги победија Пеликанс со 123:117, со одличната партија на РЏ Берет кој постигна 35 поени и имаше осум скока и шест асистенции.

На Њу Орлеанс не му помогнаа ниту 27 поени и 14 скока од Јонас Валанчиунас, бидејќи тој меч го загубија на надворешните позиции.

Шампионот  Милвоки Бакс беше поразен против Сан Антонио и покрај 28 поени и 13 скока на Јанис Антетокумпо.

Спарс до победата ги предводеше Мареј со 23 поени и девет асистенции ..

НБА, резултати:

Детроит – Орландо 110: 103
Њу Орлеанс – Њујорк 117: 123
Индијана – Торонто 94:97
Филаделфија – Атланта 122: 94
Чикаго – Јута 107:99
Мемфис – Мајами 103: 129
Милвоки – Сан Антонио 93: 102
Минесота – Денвер 91:93
Голден Стејт – Оклахома 103: 82
Феникс – Кливленд 101:92