Црвена Звезда по шести пат во историјата ја освои АБА-лигата откако вечерва во мајсторката (3-2) го совлада Партизан со 80-77.
Натпреварот траше три и пол часа, бидејќи имаше голем прекин, кога на стартот на второто полувреме судиите беа нападнати со тврди предмети од трибините. Дуелот беше исклучително неизвесен и двата тима најизменично се менуваа во водството, но ниту еднаш со повеќе од седум разлика.
Звезда го презема водството во финишот на третиот период и го одржуваше до самиот крај. Последните секунди се играа цела вечност, но „црвено-белите“ беа посмирени и подобри во завршницата. Пантер имаше шут за три поени за израмнување во последните секунди, но кошаркарот на Партизан не погоди.
Со оваа победа Црвена Звезда од следната сезона ќе се натпреварува во Евролигата.