„Коцкестите“ вечерва ремизираа 1-1 против Франција на „Пољуд“ во Сплит. Адриен Рабио им донесе водство на „триколорите“ во 52.минута, а Андреј Крамариќ погоди од пенал во 83.минута и го постави конечниот резултат.
Интересно е тоа што двата фаворити во групата 1 во најквалитетната Лига А имаат само по еден бод, бидејќи во првото коло загубија од Австрија, односно Данска.
Во Лигата Б, Исланд и Албанија исто така ремизираа со резултат 1-1. Во Ц-конкуренцијата, Белорусија и Азербејџан одиграа без голови, а Казахстан ја изненади Словачка и славеше како гостин со 0-1.
Во најслабата конкуренција, Лига Д, Летонија со 1-0 беше подобра од Лихтенштајн, а Андора и Молдавија одиграа без голови.