Данска има максимални шест бодови по првите две гостувања во Лигата на нации, бидејќи пред три дена славеше кај Франција, а вечерва и кај Австрија во рамки на Групата 1 во најквалитетната дивизија А.
Натпреварот на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена доцнеше цели 90 минути поради проблеми со струјата, а на крајот се радуваа гостите со 1-2. Пјер Емил Хојберг погоди за Данска за 0-1 во 28.минута.
Ксавер Шлагер измрани на 1-1 во 67.минута. Откако двете репрезентации по еднаш ја погодија стативата, победничкиот гол за гостите го постигна Стригер Ларсен во 84.минута и тоа на прекрасен начин од работ на шеснаесетникот.