Болоња и Интер требаше да го одиграат натпреварот од 20. коло на Серија А од 12:30 часот. Натпреварот беше одложен поради тешката ситуација со коронавирусот. Локалниот кризен штаб на Болоња нареди изолација поради што играчите ја пропуштија средбата со актуелниот шампион.
Поради лошата комуникација меѓу кризниот штаб и лидерот во Серија А, фудбалерите на Интер излегоа на теренот и залудно го чекаа домаќинот. Фудбалерите на Интер се загреваа и останаа да чекаат 45 минути на теренот.
“Големо недоразбирање, сведоци сме на ненормални ситуации. Нема инструкции. Сакаме да направиме нов протокол и да разговараме со владата. Болоња беше подготвена за натпреварот, но поради одлука на стручниот штаб нема да може да игра.Треба да има комуникација или насоки меѓу спортот и Министерството за здравство кое ја има надлежноста што треба да се спроведе.Надлежноста на локалните здравствени власти мора да биде ограничена“, изјави директорот на Интер, Џузепе Марота.
Денеска се одложени натпреварите меѓу Аталанта и Торино, Салернитана и Венеција, како и Фиорентина и Удинезе.