Првиот потег на Новак Ѓоковиќ откако му беше забранет влез во Австралија, укажува дека тој нема да настапи на првиот Грен слем годинава, дури и ако жалбата на одлуката на австралиските власти биде решена позитивно.

Најдобриот светски тенисер сè уште не објавил официјално, но го направи она што покажува дека без разлика на жалбата или друго барање за виза, нема да ја брани титулата на Австралија опен и да се обиде да го зголеми рекордниот број на трофеи таму.

Ѓоковиќ од својата официјална веб-страница го избриша Австралија опен, кој до синоќа беше прв во рубриката „Следен турнир“. Австралија опен се игра од 17 до 30 јануари.

https://twitter.com/MichalSamulski/status/1478868396666241033?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1478868396666241033%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fdjokovicev-prvi-potez-nakon-odluke-o-deportaciji-izbrisao-australian-open%2F2330546.aspx