Лина Ѓорческа победи во пресметката против Британката Хитер Вотсон со 2-1 во сетови, односно 6-7, 6-4 и 7-6 за пласман во четвртфинале на турнирот во Хрватска.
Ѓорческа влезе во мечот како аутсајдер, но уште во првиот сет покажа дека ќе биде тежок ривал затоа што направи брејк за водство од 2-1, по што Британката се врати и дури во тај-брејкот ја надигра македонската тенисерка со 7-2.
Во вториот сет Ѓорческа направи брејк уште на стартот и поведе со 3-0, по што Вотсон за момент се врати и израмни на 4-4, но македонската тенисерка со уште еден брејк стигна до 6-4.
Двете тенисерки водеа голема битка во третиот сет, каде што беа забележани неколку брејк топки, а Вотсон не искористи ниту две меч-топки, по што Ѓорческа во тај-брејкот славеше со 9-7.