Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах ќе биде една од најголемите ѕвезди на Африканскиот куп на нации.
Салах пристигна на подготовките на својата репрезентација и сигурно ќе биде главна надеж на Египет за време на турнирот што овој месец ќе се игра во Камерун.
Откако го одигра дербито против Челзи и постигна нов гол, Салах со приватен авион замина за Египет, а во меѓувреме навивачите забележаа дека тој ја смени фризурата и ја скрати косата.
Тој објави фотографија од авионот со Мохамед Трезеге, фудбалер на Астон Вила кој и на овој турнир ќе ги брани боите на Египет.
Сезонава Салах постигна 16 гола на 20 натпревари во Премиер лигата и има девет асистенции. Беше одличен и во Лигата на шампионите и постигна седум гола на шест натпревари од групната фаза.