Екипата на Аталанта, со головите на Пашалиќ, Муриел и Запата успеа да триумфира на гостувањето кај Венеција, и на тој начин да ја прекине серијата од три последователни порази во Серија А. Конечните 1:3, се сосема реален показател на развојот на настаните на овој меч, а словенецот Црнигој само го постави конечниот резултат на крајот од натпреварот. Аталанта има сега 54. бодови и е седма на табелата, додека Венеција е речиси второлигаш.
Торино пак со двата гола на Лукиќ успеа на домашен терен со конечни 2:0 да слави против тимот на Специја.