Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи во квалификациите во Имола.
Патеката во Имола е една од ретките каде ги немаме класичните саботни квалификации, туку спринтерска трка и победникот ја има пол-позицијата.
Макс Ферстапен го престигна Шарл Леклер дури во претпоследниот круг и извојува важна победа во спринт трката пред неделниот спектакл.
Леклер одлично ја започна трката, агресивно стартуваше уште на стартот и ја зазеде првата позиција, што ги воодушеви сите дојдени во Имола, кои секако се Италијанци, па навиваа за Леклер.
До тој претпоследен круг, Леклер суверено ја држеше првата позиција, а потоа предната десна гума му направи проблем, а тоа му даде шанса на Ферстапен да се искачи на тронот.
https://twitter.com/F1/status/1517881997124853767?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517881997124853767%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fautomoto%2Ff1.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D23nav_id%3D2144437
На третото место е тимскиот колега на Макс, Серхио Перез, кој на моменти леташе по патеката и навистина на одличен начин го зазема третото место, но сепак остана во сенка на фантастичните Леклерк – Ферстапен.
Ферстапен победи со 8 бодови, лидерот во првенството Леклер освои 7, Перез 6, четвртопласираниот Саинц 5, а потоа следуваат Норис со 4, Рикардо со 3, Ботас со 2 и Магнусен со 1 бод.
На деветтото место се најде Фернандо Алонсо, а во првите десет се најде Мик Шумахер. Зад нив е Џорџ Расел во Мерцедес, па Јуки Кунода, Себастијан Фетел и дури потоа Луис Хамилтон, па Строл, Окон, Гасли, Албон и Латифи, додека Гуанџу Зу не ја ни заврши трката и утре ќе стартува од последната позиција.